Охрид се мери со Рио де Жанеиро!

Bez autora
Mar 22 2010

Светската економска криза и понатаму го коси туризмот. Анализите укажуваат дека годинава ќе биде уште покритична од лани, бидејќи само во првите два месеци од 2010 година има рекорден пад на цените на хотелските услуги во просек за 14 отсто. Рио де Жанеиро е единствениот град во светот кој лани имаше раст на цените и тоа од 12 отсто, а спротивно на овој атрактивен бразилски град голем пад на цените е забележан кај светските метрополи Москва, Пекинг и Бомбај. И состојбата во македонскиот туризам не е за пофалба, бидејќи во изминативе месеци цената на хотелските пансиони падна од 10 до 30 проценти. Од Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ) велат дека така мораше да биде за да и во зимскиот период се привлечат повеќе странски и домашни туристи.

Охрид се мери со Рио де Жанеиро!Светската економска криза и понатаму го коси туризмот. Анализите укажуваат дека годинава ќе биде уште покритична од лани, бидејќи само во првите два месеци од 2010 година има рекорден пад на цените на хотелските услуги во просек за 14 отсто.

Рио де Жанеиро е единствениот град во светот кој лани имаше раст на цените и тоа од 12 отсто, а спротивно на овој атрактивен бразилски град голем пад на цените е забележан кај светските метрополи Москва, Пекинг и Бомбај

И состојбата во македонскиот туризам не е за пофалба, бидејќи во изминативе месеци цената на хотелските пансиони падна од 10 до 30 проценти. Од Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ) велат дека така мораше да биде за да и во зимскиот период се привлечат повеќе странски и домашни туристи.

-За првпат оваа зимска сезона се случија неколку хотелски објекти целосно да бидат затворени, а тоа беше пред се одлука на нивните газди. Но, периодот што доаѓа и со стартот на летната сезона се очекува цените да пораснат, бидејќи поголемиот дел од аранжманите однапред се договорени - објаснува Дончо Таневски од ХОТАМ.

Според него, годинава навистина ќе биде тешка за туризмот, што ќе претставува регрес за туристичките работници.
-Се надевам дека оваа сезона ќе биде барем на исто ниво како лани, иако тоа и не е нешто со што ќе можеме да се пофалиме - вели Таневски. Тој смета дека Охрид има што да понуди и дека градот се уште е посакувана туристичка дестинација за странците.

Интересни податоци за состојбите во оваа гранка се забележани и на интернет-сајтовите ширум светот. Така, индексот на цените на он-лајн сајтот за резервации www.hotels.com паднале на најниско ниво од 2004 година, од самото формирање на интернет-страницата. Лани патниците кои биле сместени во познатите европски хотели потрошиле 13 отсто помалку од претходната година, во Америка пак 14 проценти помалку, додека во Азија 16 отсто. Најголем пад од 21 процент е регистриран кај хотелските услуги во Латинска Америка. Единствената утеха за хотелиерите е што последните три месеци од 2009 година, забележана е тенденцијата на забавување на падот на цените.

Хотелиерството во Европа лани исто така беше климаво. Франција забележала пад на цените од 5 отсто, Германија намалување на цените од 9 проценти, Велика Британија за 18 отсто, а најлошо поминала Полска со пад на цените од 28 проценти.

Според резултатите од последното истражување на Европската комисија (ЕК) спроведено на 30 илјади граѓани од 27-те европски земји-членки на Европската унија (ЕУ), Шпанија и понатаму е најпосакуваната дестинација за Европејците, по неа следат Франција и Италија. Во земјите од регионов најголем интерес туристите пројавуваат за Хрватска.

Во истражувањето се покажало дека 80 отсто од Европејците ќе патуваат годинава, а околу 20 проценти не размислуваат воопшто годинава да заминат на одмор. Жителите на Стариот континент се повеќе се заинтересирани за традиционалните туристички дестинации, а околу 30 проценти од граѓаните на ЕУ ги претпочитаат непознатите дестинации.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik